Новиот руски закон легално ќе ги вработи странските студенти

Global Look Press
Матвиенко и Володин предлагаат на странските студенти кои редовно студираат да им се понуди можност за работен ангажман без дозвола за време на целокупното студирање, доколку студираат во институции кои имаат државни акредитации.

Претседателите на Горниот и Долниот дом на руската Државна Дума Валентина Матвиенко и Вјачеслав Володин подготвија предлог-закон со кој се поедноставува процедурата за вработување странски студенти во Руската Федерација, соопшти службата за односи со јавноста на Советот на федерацијата, пренесуваат руските медиуми.

Направени се измени на законот „За правниот статус на странските државјани во Руската Федерација“ во врска со поедноставувањето на постапката за вработување во РФ на странски државјани кои студираат во руските стручни образовни институции и високошколски установи.

Согласно актуелното законодавство, странските студенти имаат право на работен ангажман без работна дозвола на територијата на Русија во нивните образовни институции или за време на распустот.

Според официјалните податоци, минатата година на руските универзитети редовно студирале 210 илјади странци. Од тој број, само 859 од нив ја искористиле можноста во воспоставениот поредок да добијат работна дозвола и да се вработат, се наведува во придружната документација на нацрт-законот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња