Руски центар во Скопје, Македонија.
Руски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, МакедонијаВеќе четврта година по ред Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје врши уписи за бесплатни курсеви по руски јазик. Во отворениот повик се распишани 160 места за изучување на руски јазик според програмата на Центарот за сите граѓани на Република Македонија. Уписите ќе се вршат на 23 и на 24 септември од 17 до 21 часот во просториите на Рускиот центар на бул. Теодосиј Гологанов бр. 28, трети кат.
Како дел од документите потребно е да се пополни пријава лично од кандидатот во термините предвидени за пријавување. Кандидатите кои ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа потребно е да достават и копија од сертификат за соодветно претходно ниво издаден од Рускиот центар при УКИМ или од други институции.
Од Рускиот центар при УКИМ очекуваат дека и оваа академска година заинтересираноста ќе биде голем. „Во претходните години бројот на пријавените кандидати нѐ изненадуваше. Оваа година сме многу поподготвени“, велат од Центарот.
Наставници на бесплатните курсеви по руски јазик се филолози од Русија и од Македонија кои се специјализирани според програмата „Руски јазик за странци“. Она што е интересно е и самата програма на Рускиот центар при УКИМ според која се изучува рускиот јазик, а која е составена специјално за оние слушатели кои се носители на македонскиот јазик, а оттаму велат дека токму ваквиот пристап досега се покажал како ефикасен и дека дава соодветни резултати.
Освен бесплатните курсеви по руски јазик, за академската 2019-2020 година од Рускиот центар при УКИМ ветуваат и интересна програма која вклучува многу предавања, работилници, мастер-класови, изложби, филмови, презентации, промоции, но и засилена научно-истражувачка работа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче