Кон средината на мај годинава во Рускиот центар при УКИМ буквално вриеше, со оглед на фактот дека беа организирани писмени и усни испити за слушателите на бесплатните курсеви по руски јазик. Оваа година во Скопје беа пријавени 500 курсисти на сите девет степени, а поголемиот дел од нив успешно ги положија испитите.
Амбасадата на РФ во РСМ Сергеј Баздникин
FacebookМинатиот четврток, пак, во амфитеатарот на Економскиот факултет во Скопје беше организирано свечено доделување на сертификатите за курсистите. Присутните ги поздрави лично амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Александрович Баздникин, кој воедно и ги додели сертификати на курсисте, при што вети дека Амбасадата на РФ во РСМ и претставништвото на Россотрудничество и во иднина ќе даваат поддршка на курсевите.
„Присутните овде денес добро знаат дека курсевите не само што помагаат да се научи рускиот јазик, туку и даваат одлична можност да се допре до духовното богатство и илјадагодишната култура на Русија, да се добие важна конкурентска предност во професионалната област. Рускиот е јазикот на светската литература, музика, наука, напредни технологии, вселенско истражување, исто така е официјалниот јазик на најголемата земја во светот, еден од официјалните јазици на ООН и другите меѓународни организации. И истовремено, тоа е јазикот што го прими во себе духовното наследство на светите браќа Кирил и Методиј, што е темелот на нашиот заеднички културен код“.
Курситите, пак, од своја страна им се заблагодарија и на Амбасадата и на претставништвото на Россотрудничество, а особено на Рускиот центар при УКИМ и на наставниците за можноста што им е дадена, како и за професионалниот и сериозен пристап кон наставата и кон курсистите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче