Јубилеен 50 натпревар по руски јазик во Македонија

На 20 април на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа јубилејниот 50 државен натпревар по руски јазик во Македонија.

Традиционално на натпреварот учество земаат учениците од основните и од средните училишта.

Јована Томовска (I место) и Дарко Радевски (III место) со претседателот на Асоцијацијата на наставници по руски јазик и литература Максим Каранфиловски

Но, во чест на јубилејот, освен учениците кои доаѓаат од различни градови од земјата, можност да ги покажат своите знаења добија и курсистите по руски јазик, а исто така и студентите-русисти.

Пред почетокот на натпреварите на учесниците им се обрати амбасадорот на РФ во РСМ С.А. Баздникин. Зборувајќи за можностите што ги дава знаењето руски јазик, тој подвлече дека „околу 300 милиони луѓе зборуваат на руски јазик на целата Земјина топка. Рускиот јазик е втор по популарност на Интернет. Според податоците од истражувањата спроведени во 2018 година од страна на Европскиот институт за управување со бизнисот (INSEAD), рускиот јазик влегува во петте највлијателни јазици во светот. Тој е еден од официјалните јазици на ОН, на ОБСЕ и на многу други меѓународни организации“.

Амбасадорот на РФ во РСМ С.А. Баздникин и шефот на катедрата на славистика на факултетот „Блаже Конески“ Билјана Мирчевска-Бошева

Натпреварот беше организиран од страна на Асоцијацијата на наставници по руски јазик и литература, Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Россотрудничество и Балкански младински совет.

„Ова е Марија од Прилеп, ученичка од 1 одд. - чистокрвно македонче, која кажува брзозборки подобро од нас професорите„ вели наставникот по руски јазик од Куманово Билјана Коцевска
Наставници по руски јазик од различни градови во Македонија со амбасадорот на РФ во РСМ С.А. Баздникин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња