Главен организатор беше претставништвото на РОССОТРУДНИЧЕСТВО (руската Федерална агенција за односи со Заедницата на независни држави, сонародниците кои живеат во странство и за меѓународна хуманитарна соработка) во Македонија.
Предавањата во рамките на курсевите беа одржани од водечките специјалисти на Рускиот универзитет за дружба на народите (Москва) во областа на методиката на наставата на руски јазик како странски.
Програмата на курсевите беше составена за три основни насоки: Јазични аспекти на изучувањето на рускиот јазик како странски, Практична методика на наставата на руски јазик како странски за возрасни и Практична методика на наставата на руски јазик како странски за деца.
Активностите во овој формат првпат се одржаа во Македонија и предизвикаа голем интерес како кај стручната, така и кај пошироката јавност.
Учеството за сите заинтересирани беше бесплатно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче