На 28 септември 2018 година со почеток во 9:30 часот во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи настан посветен на промоција на руските литературни изданија и ресурсите за изучување на рускиот јазик, литература, култура и руска историја во Република Македонија.
Организатори на настанот се АД „Експертиза. Аналитика. Сопровождение“ (Москва, Русија) на барање на Россотрудничество и со поддршка од Рускиот центар при УКИМ и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
Целта на настанот е да се помогне и да се промовира рускиот јазик и образованието на руски јазик во Република Македонија. Ќе се дадат информации за достапните електронски ресурси за руски јазик, литература, култура и историја на Русија, нивните позитивни страни и можноста за користење на електронските библиотеки, обезбедување масовно користење на дадениот пристап до електронските библиотеки за руски литературани изданија и ресурси за руски јазик, литература, култура и историја на Русија.
Информациско-комуникацискиот дел ќе биде организиран во формат на предавања, семинари и мастер-класови.
Доколку сакате да учествувате, испратете е-писмо на info@edu-eas.ru и Macedonia@rs.gov.ru каде ќе ги наведете вашето име и презиме, местото на работа и функцијата, телефонски број и и-мејл.
Учеството е бесплатно, а целиот настан ќе се одвива на руски јазик.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.