Руските универзитети достапни за сите државјани на Македонија

„Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“ е насловот на Саемот на руските универзитети кој на 18 и на 19 септември ќе се одржи во Скопје.

На 18 и 19 септември 2018 година, претставништвото на Россотрудничество во Скопје и Russia.Study (Агенција за соработка во областа на образованието), со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организираат саем-презентација на водечките руски високообразовни институции насловен како „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“.

Посетителите на настанот ќе можат да се информираат за програмите за повишување на степенот на квалификација во руските високообразовни институции, завршување на второ високо образование и условите за запишување и обука на магистерски студии. Може да добијат информации и за тоа како е организиран системот на образование во Русија, кои се предностите кои ги добиваат странските студенти и како да се аплицира во програмата за стипендии на руската влада за бесплатно високо образование во Русија.

На саемот ќе учествуваат претставници на водечките руски институти и универзитети, од повеќе наставно-научни области и специјалности: хуманистички, технички, физичко-математички, природонаучни. Програмите и условите за студирање ќе ги презентираат проректорите на образовните институции и раководителите на организационите единици одговорни за меѓународна соработка и обука на странски студенти.

Ги покануваме претставниците на медиумите и образовните институции, матурантите, студентите и младите научници, посетителите и наставниците на курсевите за изучување на руски јазик, како и сите заинтересирани, да го посетат саемот.

За учество на саемот неопходна е претходна регистрација на линкот https://clck.ru/EFW2p. Влезот на настанот е слободен.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња