Сестрите Аверини ги освоија сите злата на Светското првенство во гимнастика

Гимнастичарката Дина Аверина.

Гимнастичарката Дина Аверина.

Евгенија Новоженина/РИА „Новости“
Руските гимнастичарки беа недостижни за своите сопернички на светското првенство, сметаат стручњаците.

Руските гимнастичарки, сестрите Дина и Арина Аверина, кои ги освоија сите златни медали во ритмичка гимнастика на индивидуалното првенство, успеаја да го постигнат овој резултат затоа што не се плашеа да ризикуваат. Оваа го изјави олимписката првенка во ритмичка гимнастика Алина Кабаева.

Дина Аверина во петокот освои златен медал на Светското првенство во индивидуален повеќебој. Второто место го зазеде нејзината сестра Арина Аверина.

„Тие настапија одлично, секоја чест за нив, многу сум среќен за нив“, изјави Кабаева. „Се разбира, бев многу загрижена за нив и навивав за нив, но денес овие девојки се најдобри во светот. Големата разлика во бодовите меѓу нив и другите натпреварувачки покажува дека станува збор за високо мајсторство и за програми кои според тежината се недостижни за нивните сопернички. Тие кои не се плашат да ризикуваат и затоа добиваат толку високи оценки“, изјави таа, пренесува ТАСС.

Претходно Дина Аверина победи во програмите со обрач и чуњеви, а Арина во програмите со топка и лента. Дина Аверина исто така го освои второто место во вежбите со топка и лента, а Арина беше втора во вежбите со обрач и трета во програмата со чуњеви. Сега репрезентацијата на Русија има пет златни, четири сребрени и еден бронзен медал.

„Сега девојките се многу среќни, но јас видов колку беа возбудени кога излегуваа да се натпреваруваат. Но ова е нивното прво Светско првенство и многу ми е мило за нив. Ѝ честитам на целата екипа и на Ирина Александровна (Винер-Усманова) пред сѐ. Масерите, кореографите, тренерите, сите заедно прават една огромна машина во која секоја компонента е важна“, заклучи Кабаева.

Сестрите Аверини првпат учествуваат на светско првенство. Дина и Арина се тројни прваци на Европа во 2017 година. Арина има исто така освоено четири златни медали на Светските игри 2017 година, а Дина еден.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња