Руски моторџии.
ИТАР-ТАССМоторџијата запре на средината на патот, разговараше со човекот и му понуди заедно да се повозат.
На автопатот „Минск“ во Подмосковје еден моторџија спречи самоубиство на еден човек кој сакаше да скокне од мостот.
Моторџијата возеше по патот и виде како човекот стои на работ и се подготвува да скокне. Бајкерот се врати, слезе од мотоциклот, го замоли да се симне и му понуди заедно да се повозат. Потоа мотоциклистот се врати и дојде до човекот за да поразговара со него.
Приказната е едноставна. Според момчето, тој патувал со автостоп од Владимир до Курската област за погребот на својата мајка и, како што може да се сфати, морално се скршил.
Како што раскажа моторџијата, мажот неколку пати се обидел да избега од него и другите возачи. Но, на крајот, успеале да се договорат и да го сместат во полициски автомобил, пренесува tjournal.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче