Патничи авион.
PhotoXPressНа снимката се гледа како околу пет километри од крајбрежната линија се формирале три црни вители. Прито авионот на исклучително опасна оддалеченост почнува да слетува, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Видеото го сними еден турист. Во позадината се слушаат гласови на очевидци кои загрижено следат што се случува. Според нивните зборови, вкупно имало девет торнада над морето.
Инцидентот се случи на 29 август. Екипажот на авионот успеа успешно да слета. Според пишувањето на порталот„Кубањ 24“, Министерството за вонредни состојби ги предупредило жителите на Сочи и туристите дека на 28 и 29 август над градот би можеле да се појават торнада.
Како што се наведува, поради торнадата на аеродромот Адлер се одложени девет летови, од кои некои се пренасочени кон аеродромот во Краснодар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче