Краварска фарма.
Евгениј Бијатов/РИА „Новости“Француската компанија „Даноне“ (Danone) има намера да префрли од Германија и Холандија пет илјади крави во Сибир, соопштува агенцијата „Блумберг“.
Како што изјави шефот на руското одделение на „Даноне“ Чарли Капети, сите животни ќе бидат транспортирани со камиони до фарма во близина на Тјумењ во септември.
Тој исто така додаде дека наведените активности ќе помогнат во заштитата на компанијата од повисоките цени на млекото, кои оваа година пораснаа за 14%.
„Цените на млекото стабилно растат. Тоа влијае на производството на производот како што е јогуртот. Се надеваме дека следната година инфлацијата, која влијае на млечната продукција, во Русија ќе се намали“, изјави Капети.
Минатата година беше соопштено дека „Даноне“ за три месеци загубила 6,1 милијарда долари, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче