Во Москва ќе изградат атомска скривница за 1500 луѓе

Скривница во Москва.

Скривница во Москва.

Владимир Песња/РИА „Новости“
Објектот на цивилната одбрана ќе биде дел од станбен комплекс што ќе биде изграден до природно-историскиот парк „Останкино“.

Проектот исто така предвидува изградба на подземен паркинг за 790 возила.

„Со проектот за планирање се предвидува подземна гаража за 790 возила, каде се предвидува распоредување на објект за цивилна одбрана за двојна намена од типот ВУ-А-IV со вкупен капацитет од 1500 луѓе“, се вели во документите на Московскиот комитет за архитектура.

Станбениот комплекс ќе се состои од згради високи девет или повеќе катови со околу 147 илјади метри квадратни станбен простор.

Претходно беше соопштено дека скривниците во Карелија повеќе нема да бидат складишта за овошје и зеленчук и ќе бидат вратени во сопственост на државата. Објектите на цивилната одбрана беа приватизирани во 1990-те, пишува „Известија“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња