Русија спроведе уникатна операција во Сирија

Руски војници во воздухопловната база Хмејмим во Сирија.

Руски војници во воздухопловната база Хмејмим во Сирија.

Максим Блинов/РИА „Новости“
Руската војска првпат ги примени во Сирија воздушната и поморската компонента во ист напад, раскажа заменик-началникот на Генералштабот на ВС на РФ генерал-потполковник Игор Макушев.

„Во текот на специјална операција според планот на Генералштабот првпат е извршена борбена примена на високопрецизни средства за ликвидирање со воздушно и поморско базирање“, изјави Макушев, пренесува „Рамблер“.

Својата изјава Макушев ја даде говорејќи на тркалезната маса на Меѓународниот воено-тенички форум „Армија-2017“. Според него, руската армија испробала во Сирија повеќе од 200 примероци на ново оружје. Конкретно, за време на антитерористичките операции во Сирија руските беспилотни летала реализираа 14 илјади летови.

Претставникот на Генералштабот генерал-полковник Игор Коробов изјави дека милитантите на терористичката организација „Исламска држава“ ја користат тактиката на „рој од пчели“. Во текот на операциите терористите хаотично ги напаѓаат позициите на сириската владина армија во мали, но усогласени и добро координирани групи. Покрај тоа, терористите често ја распоредуваат артилеријата и оклопните возила во близина на училишта, болници и џамии, избегнувајќи ги на тој начин воздушните напади. Една од тактичките новини на милитантите е употребата на камиказе-дронови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.