Руски конструктори со концепт за лесен носача на авиони

AFP / East News
Криловскиот државен научен центар работи на развој на концепт на лесен повеќенаменски носач на авиони на чија палуба ќе може да се сместат 40 и 50 воздухоплови, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на добро упатени извори.

Депласманот на ваквиот носач на авиони според концептуалната студија што ја разработуга Криловскиот државен научен центар (КГЦН) треба да биде во распон од 30 до 40 илјади тони, а бројот на воздухоплови што ќе може да ги прими треба да се движи помеѓу 40 и 50, пренесуваат руските медиуми.

Се планира лесниот повеќенаменски носач на авиони да биде вооружен со ловци Су-33 или Су-35 и со МиГ-29Г. Исто така во состав на авиокрилото треба да влезат и авиони за радарска детекција и хеликоптери Ка-27.

Градбата на ваквиот носач на авиони е предвидена за бродоградилиштето Севмаш или во керчанското бродоградилиште Залив.

„Роковите за завршување на работата не се познати, во тек е концептуална разработка на проектот“, изјавува цитираниот извор.

Кон крајот на јуни Воената морнарица ги потврди плановите за изградба на перспективен носач на авиони. Со овој проект исто така се занимава Криловскиот центар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња