Меѓународниот интернет проект „Оче онлајн“ ( „Батюшка онлайн“) спроведе истражување во рамките на кое 50 свештеници во текот на две години одговараа на прашања на луѓе на Интернет. Со нивните одговори и со анализи на содржината од групата на проектот на социјалната мрежа „ВКонтакте“ авторите определија кои се гревови за кои Русите најчесто се каат, пишува RT.
Според резултатите од истражувањето најмногу од сè Русите жалат за гревови како маловерие, суеверие и горделивост, вели раководителот на проектот Надежда Земскова. По нив се обесхрабрувањето, незадоволството од животот и мрзливоста. Учесниците сами велат дека има случаи во кои не се решаваат да ги споделат своите проблеми дури и со најблиските, затоа често се обраќаат за помош и поддршка кон свештениците.
Освен тоа, судејќи според податоците, многу приказни се поврзани со гревови како што се родителско занемарување, конфликти со роднини, абортуси и разни штетни навики. Слично на тоа, многу Руси, споделувале со свештеници покајување за блудства, прељуба и крадење. Списокот на најчесто споменатите лоши дела е затворен со измами, љубомора и осуда.
Меѓународниот онлајн проектот „Оче онлајн“ беше започнат во мај 2011 година во Уљјановск. Тоа беше забележано и од Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, кој го повика свештенството да учествува во работата на Интернет услугата. До денес, повеќе од 150 свештеници учествуваа во неа, а за 6 години одговориле на над 200.000 прашања од читателите. Дневната посетеност на проектниот портал и групата на социјалната мрежа ВКонтакте надминува 50.000.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче