Рејтингот на летните активности е составен врз основа на податоците за плаќање преку сервисот „Јандекс Каса“ и „Јандекс Денги“ што граѓаните на Русија ги извршиле од 1 јуни до 10 август 2017 година.
Излегува дека ова лето потрошувачката за забава се зголемила за шестпати во однос на истиот период лани. Вкупниот број плаќања се зголемил за 4.5 пати, додека услугите за онлајн-плаќање на забавни содржини ги користеле 3.5 пати повеќе луѓе.
Руските граѓани најчесто плаќале барови, театри и кина. Следеле спортски настани и концерти, а потоа следуваат циркуските настапи, авантуристичките игри, музеите, настаните за деца и излетите.
Најскапи се влезниците за спортските настани – во просек изнесуваат 2.428 рубли (34.8 евра). Нешто поевтина е забавата за деца која во просек изнесува 2.326 рубли (33.4 евра). Посета на фудбалски натпревар ги чинела жителите на Русија во просек 1.800 рубли (25.8 евра).
Најчест вид одмор во повеќемилионските градови е одење на кино, покажуваат податоците од 12 мегаполиси, вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург, Уфа, Казањ и Перм. Влезницата за кино во овие градови чини помеѓу 282 и 720 рубли (4 и 10 евра), пренесува Регнум.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче