Во Ингушетија ликвидирани водачи и членови на терористичка банда

Припадник на антитерористича единица на Русија.

Припадник на антитерористича единица на Русија.

О. Балашова/Прес-служба на Министерството за одбрана на Русија
Утврден е идентитетот на тројцата ликвидирани терористи.

Водачите и членовите на малгобешката банда (од градот Малгобек) кои учествуваа во терористички дела, беа ликвидирани во специјална операција во Ингушетија, соопшти информативниот центар на Националниот антитерористички комитет.

„Според прелиминарните податоци, меѓу терористите се водачите и членовите на тнр. малгобешка бандаа, по кои одамна е распишана потерница“, соопшти Националниот антитерористички комитет.

Според информациите од републичката управа на Федералната служба за безбедност на Русија, податоците покажуваат дека станува збор за лица кои учествувале во организирање и извршување на голем број на кривични дела од терористички карактер. Меѓу другото, тие во март со минофрлач ја гаѓаа зградата на градското одделение на ФСБ во Млгобек, во април убија двајца припадници на сообраќајната полиција, а во мај извршија вооружен напад врз контролен пункт на полицијата“, пренесува ТАСС.  

Терористите беа опколени од припадниците на руските безбедносни сили. На барањето да го предадат оружјето тие одговорија со стрелба. Во текот на борбата во куќата во која беа опколени терористи дојде до експлозија која беше целосно срушена.

Идентификувани се тројца од ликвидираните терористи, меѓу нив е водачот на бандата Бакхан Солтукиев.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња