Медиум: Околу пет илјади пилоти во Русија можат да останат без лиценца

Студенти вежбаат на пилотски симулатори на Универзитетот за цивилна авијација во Санкт Петербург.

Студенти вежбаат на пилотски симулатори на Универзитетот за цивилна авијација во Санкт Петербург.

Руслан Шамуков/ТАСС
„Росавијација“ одлучи да ги укине програмите за обука на пилоти за комерцијална авијација во рамките на средното и дополнителното стручно образование кои беа важечки во 2006-2016 година.

„Росавијација“ одлучи да ги укине програмите за обука на пилоти за комерцијална авијација во рамките на средното и дополнителното стручно образование кои беа важечки во 2006-2016 година.

Во врска со тоа околу 5 илјади активни пилоти – дипломци на приватни и државни школи – можат да останат без лиценца, соопштува весникот „Комерсант“ повикувајќи се на телеграма на институцијата испратена до Челјабинското училиште за пилоти на цивилна авијација.

Се истакнува дека „Росавијација“ ја укинала својата наредба од 2006 година со која се утврдуваат програмите за обука на пилоти на комерцијална авијација на руските универзитети. На тој начин, програмите за обука на комерцијални пилоти во рамките на средното и дополнителното стручно образование, одобрени до 1 јануари 2016 година, се прогласуваат за неважечки.

Претходно весникот„Известија“ соопшти дека од 2015 година од руските авиокомпании си заминале околу 200 пилоти, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња