Русин откри откри неидентификуван летечки објект на Антарктикот

Антарктик.

Антарктик.

EPA
Радио-аматерот од Нижни Тагил Валентин Дегтерјов откри на Антарктикот уште еден неидентификуван летечки објект кој паднал таму. Тој го соопшти ова на својот блог.

Истражувачот Валентин Дегтерјов тврди дека се работи за огромен ромбоиден објект направен од бел метал и дека на падините на ридот се наоѓа веќе стотици или илјадници години. Долг е 30, а широк помеѓу 15 и 20 метри.

„НЛО-то е големо како повеќекатница. Јасно е дека на Земјата сѐ уште нема такво летало со таков облик и големина. Јасно е и дека е сочуван, затоа што со векови бил под дебел слој на снег и лед. Во 2012 година го снимиле камерите на НАСА. Сателитската снимка сега може да се најде на сајтот Google Earth“, вели Дегтерјов.

Тој ги наведе и координатите на НЛО - 72°32'41.03" S,68°20'1.84" E.

Нагласува и дека смета дека ромбоидните НЛО се непријателски расположени спрема Земјата, но и дека тоа се обични измислици.

Дегтерјов повеќе пати има пријавувано разни откритија како огромни НЛО на Антарктикот. Тој ги пронајде и запуштениот воен бункер на подрачјето на превојот Дјатлов, стабилизаторот на опашката на соборениот во Украина авион „Боинг“ МН-370, атомска бомба на Марс и тајна база на Хитлер, пишува „Рамблер“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња