Поларни мечки на Арктикот.
Legion MediaРусија го намали количеството на емисијата на штетни гасови за речиси 50% од 1990 година. година, што овозможи да се забави глобалното затоплување за една година, изјави во понеделникот извршниот директор на Центарот за енергетска ефикасност, Игор Башмаков на Климатскиот форум на руските градови, пренесува ТАСС.
„Ние значително ги намаливме емисиите, речиси за половина, и ги одржавме на тоа ниво“, изјави Башмаков.
„Ако ние во Русија го задржевме нивото на емисии од 1990-те, ќе емитувавме 41 милијарда тони или повеќе до денес, што е блиску до она што сите глобални извори го емитуваат. Односно, Русија всушност самостојно го запре глобалното затоплување за цела година и има значителни резултати“.
Во октомври 2004 година Русија се обврза да ги намали емисиите на штетни гасови во рамките на Протоколот од Кјото. Русија, исто така, го потпиша Парискиот климатски договор во 2016 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче