ВКС на Русија уништија колона милитанти на ИД кај Деир ез Зор

Пилот на Су-24 на руските Воздушно-космички сили во авиобазата Хмејмим во Сирија.

Пилот на Су-24 на руските Воздушно-космички сили во авиобазата Хмејмим во Сирија.

Рамил Ситдиков/РИА „Новости“
Министерството за одбрана на Русија објави видео запис од уништувањето на колона милитанти на „Исламската држава“ кои се упатиле кон подрачјето на градот Деир ез Зор.

 Видео записот го објави телевизијата „Ѕвезда“.

Авијацијата на ВКС на Русија уништи повеќе од 20 автомобили со оружје со голем калибар и минофрлачи, како и оклопна техника, вклучувајќи и тенкови. Како што соопшти рускиот одбранбен ресор, терористите се обидуваат да сконцентрираат сили во провинцијата Деир ез зор, додека сириската владин армија заедно со руските Воздушно-космички сили ги истиснуваат милитантите од југот на провинцијата Рака и од запад од провинцијата Химс.

Министерството за одбрана на Русија потенцира дека поразот на ИД на подрачјето на Деир ез Зор ќе биде стратешки пораз на меѓународната терористичка група во Сирија. Според министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, ослободувањето на градот ќе биде решавачки настан во борбата против терористите.

Градот Деир ез Зор и воениот аеродром на два километри оддалеченост се наоѓаат во целосно опкружување на милитантите на ИД. Без оглед на постојаните напади на ИД со примена на  бомбаши-самоубијци и автомобили со експлозив, гарнизонот на Деир ез Зор продолжува да се брани и на периоди да врши контранапади против терористите. Храна и муниција војската и цивилите добиваат само од воздух, пишува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња