Рогозин:Ил-96-400 е важен чекор за враќање на пазарот на воздушен сообраќај

Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин.

Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин.

Сергеј Мамонтов/РИА „Новости“
Авионот Ил-96-400, кој се составува во Воронешката фабрика за авиони, ќе им овозможи на руските авиони да го повратат пазарот на воздушниот сообраќај, соопшти во Воронеж на свеченоста по повод одбележувањето на 85-годишнината од фабриката за авиони рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин.

Според Рогозин, Ил-96-400 беше развиван како транспортен авион „врз основа на легендарната 96“, пренесува РИА „Новости“.

„И тој авион Ил-96-400 ќе биде многу важен чекор да почнеме од почеток, а потоа да си го вратиме пазарот на нашиот внатрешен воздушен сообраќај, вклучувајќи ги и оние далечните“, изјави Рогозин.

„И ние ќе го сториме тоа, бидејќи ние се потпираме на уникатното искуство, на традициите и посветеноста која секогаш ги карактеризираше воронешките градители на авиони“, рече рускиот вицепремиер.

Рогозин додаде дека се ближат кон крајот работите поврзани со претстојните тестирања на авионот од лесна воено-транспортна класа Ил-112, кој треба да ја замени флотата авиони Ан.

Ил-96-400 е позначајна модификација на моделот Ил-96-300 со четири мотори ПС-90A-1 и подобрена авионика. Максималната маса за полетување изнесува 270 тони, а опсегот 12 илјади километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња