Војската на Далечниот исток до крајот на 2017 добива илјада единици техника

Војници на Источниот воен округ

Војници на Источниот воен округ

Евгениј Епачинцев/РИА „Новости“
Источниот воен округ до крајот на годината ќе добие повеќе од 1100 единици нова и модернизирана воена техника, најави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

„Продолжува планската реализација на програмата за преоружување. До крајот на годината војската ќе добие преку 1100 единици нова и модернизирана техника“, изјави министерот.

Како што нагласи тој, во борбениот состав на Тихоокеанската флота влезе корветата „Совершени“, чија посада претходно помина повторна обука во соодветен центар за обука.

Како главна задача пред Источниот воен округ Шојгу го наведе зголемувањето на борбениот состав, квалитетот на неговата обука, како и превооружувањето, на пренесува РИА „Новости“.

Со таа цел во овој округ годинава се реализира планска оптимизација на организациско-кадровската структура. До 1 декември ќе бидат спроведени 78 организациски активности, што ќе овозможи формирање, реформирање и дислокација на единиците“, рече министерот за одбрана на РФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња