Јеховини сведоци во Ростов на Дон. 2015 година.
Getty ImagesКако што се наведува во соопштението на прес-службата на Министерството за правда на Русија, на сила стапи одлуката на Врховниот суд кој ја смета ликвидацијата на организацијата „Административен центар на Јеховините сведоци во Русија“ за законска, а нејзината работа ја прогласи за екстремистичка.
„На соодветната листа се ставени како „Административниот центар на Јеховините сведоци во Русија“, така и 395 локални религиозни организации кои влегуваат во негов состав“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на министерството.
На 17 јули Врховниот суд ја остави во сила забраната на Јеховините сведоци во Русија. Претходно судот ја прогласи организацијата за екстремистичка, ја ликвидираше и ја забрани на просторите на РФ.
Фронтменот на рок-групата „Нољ“ Фјодор Чистјаков изјави дека емигрирал од Русија поради забраната за работа на Јеховините сведоци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче