Индија сака да купи 108 руски авиони-ловци T-50/FGFA

Првиот „Сухој“ Т-50 ПАК ФА беше претставен во јавноста на авиошоуто МАКС-2011.

Првиот „Сухој“ Т-50 ПАК ФА беше претставен во јавноста на авиошоуто МАКС-2011.

Sukhoi.org
Внатрешната комисија на Министерството за одбрана на Индија даде препорака за набавка на 108 авиони-ловци T-50/FGFA по пат на заедничко производство со Русија.

Комитетот, на чие чело е маршалот на авијација во пензија Симхакути Вартахман, изврши анализа на тактичко-техничките карактеристики на авионот и даде позитивен заклучок во однос на прашањето за негова набавка, соопштува блогот на Центарот за анализа на стратегии и технологии кој се повикува на швајцарскиот портал psk.blog.24heures.ch.

Единствено нерешено прашање останува преносот на руски технологии. Преговорите на оваа тема сѐ уште траат. Познато е дека Индија планира да издвои 5 милијарди долари за заедничка разработка на авионот.

Порталот „Взгљад“ истакнува дека претходно медиумите соопштија за подготвеноста на Индија да купи повеќе од 200 ловци.

За извоз на ловци врз база на ПАК ФА заеднички со Индија се создава извозна модификација која ја доби ознаката FGFA (Fifth Generation Fighter Aircraft – ловец од петта генерација).

На почетокот на август индиските медиуми соопштија дека во Индија е одобрена заедничката разработка со Русија на авион од петта генерација, а во февруари заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на РФ Владимир Дрожжов соопшти дека Русија и Индија договориле разработка на најнов ловец.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња