Основниот борбен тенк T-72 ги произведува „Уралвагонзавод“ од Нижни Тагил (Урал).
Reuters/Vostock photoНа интернет е објавена снимка која сведочи за сигурноста на оклопната техника од руско производство. Во Сирија тенкот Т-72М1 без никакви проблеми издржа удар на противтенковска наведувана ракета TOW од американско производство и ја зачува својата борбена способност.
Во информацијата за видеото се наведува дека инцидентот со тенкот се случил кај Дамаск на подрачјето на Еин Тарма. Тенкистите на владините сили ги покажуваат последиците од непријателскиот напад. Очигледно, американскиот проектил го погодил предниот дел од куполата на тенкот Т-72M1. Екипажот не е повреден, а тенкот ја задржува способноста за движење и вооружувањето, пренесува „Рамблер“.
Според порталот „Вестник Мордовии“, тенковите Т-72M1 модернизирани на овој начин ѝ припаѓаат на 105 бригада на сириската гарда. За време на борбените дејствија оваа сириска верзија на рускиот тенк веќе покажа дека може да им одолее на нападите на противтенковските наведувани ракети и реактивни гранати. За половина година борба терористите успеаја да уништат само еден ваков тенк.
Ваквата варијанта на модернизација на руските тенкови Т-72M1 ги подобрува основните карактеристики на тенкот: деструктивната моќ, заштитеноста, мобилноста, способноста за управување со задржување на сигурноста на претходното ниво. Новиот автоматизиран систем за контрола на гаѓањето овозможува да се гаѓа од топот во секое време од денот на големи растојанија, вклучувајќи и гаѓање во движење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче