RFID-чип кој може да биде имплантиран во човечка рака.
ReutersПросечната големина на секој чип изнесува 2х12 милиметри, пренесува „Лента.ру“.
Волчек раскажа дека имплантите во голема мера му го поедноставиле животот. Со нивна помош тој ги отвора вратите дома и на работа, ги чува лозинките, визит-картата, го деблокира компјутерот и друго. Некои од чиповите се аналогни на домофонски клучеви, затоа што другите може да складираат до еден килобајт информации.
„Првиот чип го ставив на 8 август 2014 година. Тој не дозволува да му се менува кодот и претставува еквивалент на картичка за контрола на пристапот до еден од сибирските скијачки центри. Малку подоцна го регистрирав во центарот за контрола на пристапот на организацијата во која работам“, изјави Волчек.
Уредите претставуваат феритно јадро со обвивка и мал чип сместени во цевката на биолошки инертно стакло. Под кожата се имплантираат со со шприц со дебела игла и притоа лесно се отстрануваат. Биохакерот додава дека чиповите не се чувствуваат. Човекот, исто така, сака да си имплантира токен и глукометар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче