Подморницата „Краснодар“ пристигна во Севастопол

Подморница од проектот 636 „Варшавјанка“ на руската Северна флота во Баренцовото море.

Подморница од проектот 636 „Варшавјанка“ на руската Северна флота во Баренцовото море.

РИА „Новости“
Новата дизел-електрична подморница „Краснодар“ по завршување на задачите во состав на групата на Воено-поморската флота на Русија пристигна во Севастопол и влезе во состав на Црноморската флота.

Свечениот пречек на екипажот на подморницата се одржа во средата во Севастопол, пренесува ТАСС.

„Денешното пристигнување на „Краснодар“, четвртата подморница во Севастопол не е само пристигнување на нова подморница, туку можеме да констатираме и дека имаме целосно обединување на подморничарите на Црноморската флота. Четири подморници се наоѓаат во Црното море, две во Балтичкото море, во најскоро време ќе го почнат пловењето кон родното пристаниште“, изјави командантот на Црноморската флота адмирал Александар Витко.

Пловидбата на „Краснодар“ траеше четири месеци и, според командантот, тоа е своевиден рекорд за Црноморската флота, меѓутоа во иднина подморниците ќе имаат и подолги мисии.

За тоа време подморницата реализираше два успешни напади врз копнени објекти на терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија.

Подморницата „Краснодар“ е руска дизел-електрична подморница од проектот 636.3 „Варшавјанка“. Изградбата на подморницата почна на 20 февруари 2014 года во Санкт Петербург, а беше спуштена во вода на 25 април 2015 година.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња