На денешен ден: Почна советската воена операција „Бегемот“

Руската нуклеарна подморница Новомосковск во Североморск. 1 јули 1998, Русија.

Руската нуклеарна подморница Новомосковск во Североморск. 1 јули 1998, Русија.

AP
На 6 август 1991 година руската Северна флота ја почна операцијата „Бегемот 2“ - покажувајќи дека нејзина подморница со балистички ракети е способна да ги лансира сите свои проектили одеднаш (во рок од пет до седум секунди една по друга).

Подморницата К-407 Новомосковск од класата Делта-IV - под команда на капетан втора класа Сергеј Егоров - беше избрана за оваа операција.

Беа потребни 3 минути и 44 секунди да се лансираат сите 16 Р-29РМ ракети. Подморницата исфрли 650 тони тежина во текот на тој процес.

Операцијата беше сметана како можно сценарио за нуклеарна војна со САД.

Две години претходно, на истиот ден, операцијата „Бегемот 1“ стартуваше. Подморницата К-84 Екатеринбург од класата Делта-IV се обиде да ги лансира сите 16 ракети во исто време, но операцијата не успеа поради пожарот што се јави како резултат на истекување на гориво.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња