Кострешот што го улови Путин на мамка воодушеви иркутски рибар

Путин на рииболов.

Путин на рииболов.

Алексеј Николски/РИА „Новости“
„Многу е убаво што на нашиот претседател му одговара токму таков одмор. Се гледа по неговото расположение, од очите му се гледа дека тоа му е блиско: природата, просторот, риболовната страст, слободата. Сето тоа го сакаме и ние, Сибирците“, изјави организатор на риболовни тури од Иркутск Михаил Климов.

Претседателот на Русија покажа добро ниво на риболовни вештини, особено кога го улови кострешот на мамка, изјави организаторот на риболовни тури од Иркутск Михаил Климов откако ја погледна репортажата за одморот на Владимир Путин на една река во Јужен Сибир.

„Ја гледав репортажата на интернет неколку пати. Убава сибирска природа, места за риболов. Јас не се занимавам со подводен риболов, иако ми беше интересно да гледам лов на штука. Но, ловот со мамка ме импресионираше. Одличен костреш! Ме изненади што претседателот мота со левата рака. Тоа е реткост”, изјави експертот за риболов, пренесува РИА „Новости“.

Тој исто така истакна дека одморот во Сибир со капење во река и риболов е „за вистинските мажи“.

„Многу е убаво што на нашиот претседател му одговара токму таков одмор. Се гледа по неговото расположение, од очите му се гледа дека тоа му е блиско: природата, просторот, риболовната страст, слободата. Сето тоа го сакаме и ние, Сибирците“, изјави Климов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња