Руско семејство
Матвеев/РИА „Новости“При првата средба многу Руси изгледаат затворени, незадоволни, непретприемчиви, понекогаш едноставно како лути, пишува данскиот весник „Политикен“. Независно дали е тоа полицаец, продавачка, работничка во трафика или сосед во зграда. Сето тоа е мошне остро. Насмевката се третира како нешто бесмислено и не сосем одмерено.
Но, што ќе ја поминете првата бариера, ќе откриете дружељубивост, љубезност и гостопримство какви што тешко можат да се најдат во Европа.
Приказната често се преувеличува за тоа колку Русија и Русите се поразлични. И Русите сакаат да зборуваат за „руската душа“, иако тие се толку многу различни меѓусебно, колку и Данците и другите Европејци, се наведува во статијата што ја пренесува ИноСМИ.
Како компонента на таа душа често се наведува духовноста (иако современите забавни програми на руската телевизија практично и не се разликуваат од италијанските по површноста и помпезноста, на пример), православието (иако малку Руси одат во црква), традиционалните семејни вредности (иако разводите, абортусите и случајниот секс се неверојатно распространети), патриотизмот (иако многумина Руси се иронични по повод она што се случува во земјата, како и по повод раководството, вклучувајќи го и Путин), пишува данскиот новинар.
Другите состојки, кои покритички настроените набљудувачи ги откриваат во руската душа се дефетизмот, цинизмот и комплексот на пониска вредност кој често се манифестира како надменост. И меланхолијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче