FT: Штетата од новите американски санкции ќе ја чини ЕУ милијарди евра

Кремљ и соборниот храм „Св. Василиј Блажени“ во Москва, Русија.

Кремљ и соборниот храм „Св. Василиј Блажени“ во Москва, Русија.

Ројтерс
Претставничкиот дом на Конгресот на САД со огромно мнозинство ги поддржа санкциите против Русија. Конгресот сака да ја казни Москва за наводното мешањето во изборите, истакнува „Фајненшел Тајмс“. Европејците, меѓутоа, се потенцираат дека казнените мерки ќе удрат по нивните проекти во гасната, енергетската и други полиња - штетата ќе изнесува милијарди евра.

Поддршката за антируските санкции од страна на Претставничкиот дом на САД го потенцира гневот на Капитол Хил и стремежот на Конгресот да ја казни Москва за наводното мешање во претседателските избори во 2016 година, истакнува „Фајненшел Тајмс“. Покрај Москва, санкциите ќе ги погодат и Иран и Северна Кореја.

„Не смеат да се потценуваат огромните закани по нашата национална безбедност од страна на Иран, Русија и Северна Кореја. Овие злонамерни фактори одамна се обидуваат да ја загрозат позицијата на САД и да ја нарушат глобалната стабилност“, потенцираше спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Пол Рајан.

„Целта на нашата работа во Конгресот е да ги повикаме на одговорност. Законот што тукушто го донесовме и кој го поддржуваат мнозинството на двете партии претставува еден од најопширните пакети со санкции во историјата. Тој ги затега вентилите за нашите најопасни противници за да им овозможи на Американците да останат безбедни“, додаде тој.

Претходно законот беше одобрен од Сенатот, но во Европа тој беше подложен на остри критики, затоа што тоа ги загрозува европските компании, вклучувајќии ги „Шел“, „Ени“ и БП, бдејќи тие се ангажирани во енергетски проекти со учество на руски компании, истакнува изданието. Штетата ќе ја претрпат во проектите од гасната и инфраструктурната сфера ќе изнесува милијарди евра, предупредуваат европските аналитичари. Брисел веќе вети дека ќе ги „активира сите дипломатски канали“ за да ги убеди законодавците да го омекнат законот.

Сепак, Белата куќа не објасни дали Доналд Трамп ќе ја потпише конечната верзија на законот. Белата куќа ги поддржува острите санкции против Северна Кореја, Иран и Русија, но го чека конечниот документ за да го разгледа, изјави заменик-портпаролот  Сара Сандерс.

Од една страна, санкциите ќе ја казнат Русија, од друга страна е многу потешко да ги примени своите санкции без согласност на Конгресот. Законодавците прибегнаа кон овие мерки поради загриженоста дека Трамп има намера да го ублажи ставот спрема Русија. Сега Белата куќа е загрижена за тоа дека овој закон ќе ги намали можностите на Трамп за преговори со Москва, потенцира изданието.

ФБИ сѐ уште ги истражува врските помеѓу официјалните лица од кампањата на Трамп и Кремљ. Американскиот претседател, пак, продолжува да го критикува т.н. „лов на вештерки“,  резимира „Фајненшел Тајмс“, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња