Во Балтичкото море почнува активната фаза на руско-кинеските маневри

Рускиот десантен брод „Цезар Куников“

Рускиот десантен брод „Цезар Куников“

Алексеј Павлишак / ТАСС
Денеска руските и кинеските бродови кои учествуваат во маневрите го напуштаат пристаништето во Балтијск и заминуваат на полигоните во Балтичкото море за практична реализација на маневрите, соопшти руската Воена морнарица.

Активната фаза на руско-кинеските поморски маневри „Поморска соработка - 2017” почнува во вторник во Балтичкото море, изјави за ТАСС портпаролот на Балтичката флота Роман Мартов.

„Денес руските и кинеските бродови, кои учествуваат во маневрите, го напуштаат пристаништетот во Балтијск (главната поморска база на флотата) и заминуваат на полигоните во Балтичкото море за практична реализација на маневрите“, изјави тој. Во вторник припадниците на морнарицата треба да одржат артилериски гаѓања врз поморски и воздушни цели.

Одредот бродови на Воената морнарица на Кина го сочинуваат разурнувачот „Хефеи“, фрегатата „Јунченг“ и помошниот брод „Луомаху“.

Руската Воена морнарица ја претставуваат корветите „Стерегушчи” и „Бојки”, како и  реморкерот СБ-123. Во различни фази на маневрите ќе учествуваат и бродските повеќенаменски хеликоптери Ка-27, тактичките фронтовски бомбардери Су-24, воените транспортни авиони Ан-26 на Балтичката флота и хеликоптерите базирани на кинеските бродови.

Со маневрите командува заеднички штаб на чело со заменик-командантот на руската Воена морнарица вицеадмирал Александар Федотенков и заменик-командантот на кинеската Воена морнарица вицеадмирал Тјен Џун.

Активната фаза на маневрите ќе трае од 25 до 27 јули. Припадниците на морнариците на двете земји ќе увежбуваат заедничко организирање на антидиверзантска, противвоздушна и противбродска одбрана и ќе спроведат операција за пружање помош на брод во неволја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња