Видео: Музичари од Алтај го препејаа најслушаниот хит во светот „Despacito“

Една од многубројните обработки на песната „Despacito“ доаѓа и од Русија.

Песната на малку познатиот порторикански изведувач Луис Фонси за половина година воспостави апсолутен рекорд на светските стриминг-ресурси – 4,6 милијарди пати слушаност. Колку за споредба, на претходниот рекордер, канадскиот поп-идол Џастин Бибер со синглот „Sorry“ му беа потребни две години за да постигне слушаност од 4,38 милијарди пати. Додека музичките критичари се прашуваат со што се објаснува неверојатната популарност на скромната латиноамериканска музика, на интернет се појавуваат безброј обработки на песната „Despacito“. Една од поневообичаените верзии понуди руски квартет од Република Алтај.  

Тројцата музичари и солистката не само што ја препеаја песната на алтајски јазик, туку и додадоа национален колорит – пеење од грло и реткиот музички инструмент варган.

За изведувачите не се знае многу. Обработката на „Despacito“ музичарите ја објавија на нивниот канал на „Јутјуб“ пред 10 дена. Видеото е деби на квартетот, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња