РПЦ: Во Сирија полагаат голема надеж во помошта на руските верници

Руските религиски организации ја испорачаа првата партија хуманитарна помош на жителите на Сирија и ја продолжуваат работата за собирање донации.

Сиријците со благодарност ја примија нашата помош, истакнувајќи дека потезите на Русија суштински ја поправиле ситуацијата во земјата, изјави јеромонахот Стефан (Игуманов), коментирајќи ја испораката на помошта од руските религиски организации во Сирија.

Во петокот во Бејрут (Либан) беше одржана тркалезна маса на која учествуваше руската меѓурелигиска работна група (која е составена од претставници како на христијанските, така и на муслиманските заедници), со тема давање хуманитарна помош на жителите на Сирија. На тркалезната маса учествуваа претставници на сириските религиски заедници.

Првиот човек на работната група, секретарот за меѓухристијански односи на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија јеромонахот Стефан (Игуменов) изјави дека на состанокот станало збор за планови за давање помош и дека се дефинирани најприоритетните правци на работата. Според него, учесниците на состанокот истакнале дека првата акција за испорака на хуманитарната помош од страна на руските религиски заедници за Сирија е успешно реализирана.

„Претставниците на сириските конфесии го изнесоа своето искуство во однос на давањето и дистрибуцијата на помош на жртвите од конфликтот. Сиријците со благодарност ја примија нашата помош и истакнаа дека потезите на Русија суштински ја подобриле ситуацијата во земјата. Тие рекоа дека полагаат голема надеж во понатамошната поддршка на руските верници“, пишува Взгљад, цитирајќи го отец Стефан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња