Видео: Градот што падна во саботата во Санкт Петербург формираше „наноси“

Граѓаните на Санкт Петербург во саботата имаа мака со обилните врнежи проследени со град.

Во некои реони на Санкт Петербург во саботата, 22 јули, паднаа обилни врнежи проследени со град. Ова го соопштуваат корисниците на социјалните мрежи, пренесува „Лента.ру“.

Од објавените фотографии и видеа може да се види густа покривка од град на улиците и „наноси“ низ кои со мака се движат минувачите.

„Силен град во Московскиот реон. Улиците се послани со град со големина на голема цреша“, се вели во објавата на групата „ДТП и ЧП Санкт Петербург • |УГОНЫ |СПБ“ на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња