Страните дискутираа за прашања на развојот на политичката, економската и културната соработка, како и важноста за зачувување и јакнење на духовните врски меѓу Русија и Република Македонија.
„Русија и Македонија ги обединуваат истите духовни вредности, заедничката православна и словенска традиција. Со векови нашите народи се тесно поврзани со историски и културни корени“, потенцираше Железњак.
Тој исто така истакна дека меѓу Русија и Македонија постои голем потенцијал за соработка.
„За развој на нашите трговски односи постои добра економска платформа, затоа што Македонија не се приклучи на антируските санкции. Во мај на македонската страна ѝ беше поставено прашањето за можноста за склучување на договор за слободна трговија меѓу Македонија и Евроазиската економска унија, по примерот на аналогниот документ со Србија, кој сега е предмет на разгледување на експертско ниво. Притоа, развојот на односите со ЕАЕУ нема да постави никакви услови за постојната соработка на Македонија со Европската унија. Соработката во рамките на ЕАЕУ ќе стане дополнителна можност за промоција на македонските производи на евроазискиот пазар што, несомнено, одговара на интересите на македонскиот народ и на сите учесници на пазарот“, смета Железњак.
Учесниците на средбата дискутираа и ја поддржаа заедничката идеја за формирање на постојан Форум на Македонија и Русија (Форум МиР) како отворена платформа за дискусија, со учество на политички партии, невладини организации, експерти, како и на деловни и пошироки јавни кругови.
„Сметам дека форумот МиР ќе предизвика висок степен на интерес во нашите земји и ќе стане отскочна даска за многу перспективни проекти насочени кон развој на добрососедските руско-македонски односи“, истакна на крајот заменик-секретар на Генералниот совет на партијата „Единствена Русија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче