Според директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Пухов, сумата на договорот може да биде повисока од 1 милијарда долари, а бројот на договорени тенкови за испорака – неколку стотици, пренесува „Взгљад“.
Пухов исто така истакнува дека оваа нарачка е голема помош за „Уралвагонзавод“.
Покрај тоа, како што потенцира експертот, наведениот договор е сериозен надворешнополитички успех на Русија. „Затоа што Американците војуваа во Ирак, а изборот на ирачката војска на крај се падна врз руски тенк“, констатира Пухов.
Руските тенкови одлично се покажаа во текот на сирискиот конфликт, заклучува експертот.
Покрај тоа, на почетокот на јуни на интернет се појави информација за договор за испорака на партија од 400-500 тенкови Т-90МС на Египет.
Во септември минатата година претставник на „Уралвагонзавод“ соопшти дека тенкот Т-90МС, кој е наменет за извоз, го завршил целиот циклус на испитувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче