„Роспотребнадзор“ е крајно загрижен: ларвите од комарци кои пренесуваат маларија беа најдени во речиси сите резервоари за вода во Москва, соопштува „РЕН-ТВ“. Ситуацијата ја влошуваат временските аномалии кои го одбележуваат ова лето. Во врска со настанатата ситуација „Роспотребнадзор“ итно спроведува санитарна обработка на крајбрежјето, зоните за рекреација и плажите на главниот град на Русија.
Експертите објаснуваат: обилните дождови во централна Русија создаваат идеална средина за размножување на комарците, и тоа не само во шума. Секој квадратен метар, обраснат со грмушки и трева, крие илјадници ларви. Од масовна појава на маларија Русија, за среќа, ја спречува температурата. Бидејќи маларијата е тропска инфекција, таа бара топлина.
Но, временските аномалии ставаат сѐ под знак прашалник. На пример, во Сибир ова лето е постојано жешко. Не е официјално потврдена информацијата дека еден жител на Краснојарск настрадал од волфартова мува, која обично живее во Северна Африка и Кина. Впрочем, за миграцијата на тропски инсекти и зголемувањето на ширењето на тропски инфекции поради климатските промени научниците веќе предупредуваа, пренесува порталот Meddaily.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче