За пилотите на ловецот од петта генерација Т-50 креиран „дупчест” скафандер

Есента 2016 година пилотите се жалеа дека во новиот скафандер им е топло и дека е предебел.

Пилотите на ловците од петта генерација Т-50 ќе добијат скафандер против оптоварување ППК-7 со перфорација за вентилација, соопшти генералниот директор и главен конструктор на претпријатието „Ѕвезда” Сергеј Поздњаков.

„Го решаваме проблемот на вентилацијата. Направивме „дупчест скафандер“, ставивме перфорација во зоните каде што се лачи најмногу пот. Тоа не беше едноставно, затоа што „дупчестиот“ скафандер според отпорноста треба да издржи продор на воздух при брзини поголеми  од брзината на звукот“, изјави тој, пренесува ТАСС.

Тестирањето на новиот скафандер со перфорација во претпријатието е завршено. Во најскоро време ќе почнат државните испитувања.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња