Руската армија има ласерско оружје, изјави за „Интерфакс“ во вторникот заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.
„И нив (ласерите) ги имаме. Има разни ласери: според начинот на примена, според дострелот, според објектите против кои дејствува“, изјави Борисов на авиосаемот „МАКС-2017“.
„И ние имаме такви разработки“, изјави Борисов, коментирајќи ја информацијата дека САД одржале тестирања во Персискиот залив на првото во светот ласерско оружје.
Минатата година на форумот „Армија“ Борисов изјави дека Вооружените сили на РФ имаат одделни примероци на ласерско оружје. „Тоа е воздушен систем и копнен“, изјави тој.
На 19 јануари Борисов на средба со академици на РАН изјави дека Министерството за одбрана на Русија очекува сериозен напредок во сферата на разработка на ласерско и електромагнетно оружје.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче