Екипажите на авионите МиГ-31, распоредени на Камчатка, во предвечерието на Денот на поморската авијација на ВМФ на Русија, реализираа воени вежби со пресретнување на суперсонична крстосувачка ракета со боево гаѓање во стратосферата, соопштува ТАСС, повикувајќи се на шефот на одделот за информативна безбедност во прес-службата на Источниот воен округ на Тихоокеанската флота капетан 2 класа Владимир Матвеев.
„Екипажите на авионите-пресретнувачи МиГ-31 од авиобазата на војската и силите на североисток реализираа воена вежба за уништување на крстосувачка ракета која лета на височина над 12 илјади метри и брзина трипати повисока од брзината на звукот. Крстосувачката ракета беше лансирана од акваторијата на Охотско море од морски носач“, соопшти Матвеев.
Дежурниот винг на ловците беше подигнат поради тревога од аеродромот Елизово на Камчатка и ја уништи целта со ракети „воздух-воздух“ во пресрет. Во текот на летовите пилотите на ловците одработија соработка во парен состав при исполнување на задачите за противвоздушна одбрана, додаде Матвеев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче