Новиот ловец МиГ-35 првпат јавно ќе биде претставен на авиосаемот МАКС-2017, изјави за новинарите директорот на Руската авијациска корпорација „МиГ“ Илја Тарасенко, пренсува РИА „Новости“.
„Првпат на МАКС ќе го изложиме нашиот ловец МиГ-35 и ќе имаме преговори во однос на популаризацијата на овој авион за извоз“, истакнува тој.
Тарасенко додаде дека првиот јавен лет на МиГ-35 ќе се одржи во текот на форумот „Армија-2017“ во август. Меѓународниот авио-космички саем (МАКС) ќе се одржи во градот Жуковски, Московска област, во периодот од 18-23 јули.
МиГ-35 е продолжение на сериојата авиони МиГ-29М/М2. Авионот развива брзина над 2,2 маха. МиГ-25 може да подигне до 6,5 тони муниција, а благодарение на новите разработки леталото може да прифати од 10 до 30 воздушни цели и да нападне истовремено до 6 од нив во радиус до 160 км.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче