Захаров и Кузнецов освоија злато на Светското првенство

„Многу години се стремевме кон денешната победа и неколку пати запиравме на чекор од златото, но успеавме да станеме светски шампиони токму во синхронизиран скок“, изјави Кузнецов.

Скокачите во вода Иљја Захаров и Евгениј Кузнецов го освоија златниот медал на Светското првенство во Будимпешта во скок во вода од штица од три метри. Руското дуо освои 450.30 бодови. За обајцата ова е прво злато освоено на Светско првенство.

„Многу години се стремевме кон денешната победа и неколку пати запиравме на чекор од златото, но успеавме да станеме светски шампиони токму во синхронизиран скок“, изјави 27-годишнишниот Кузнецов, пренесува newsru.com

„Многу сум задоволен зашто сега ги имаме сите медали“, изјави 26-годишниот Захаров. „За ова сонувавме уште како деца, од 12-13 години, откако почнавме да скокавме. Имаше периоди кога нè раздвојуваа, а ние се боревме да скокаме заедно. Ни велеа дека не треба да настапуваме заедно, но ние инсистиравме на тоа.

Второто место го зазедоа Кинезите Се Си и Цао Јуан (443.40 бодови), а бронзата ја зедоа Украинците Олег Кологиј и Иљја Кваше (429.99). Светско првенство во водени спортови ќе трае до 30 јули.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња