Русинките Макарова и Веснина го освоија Вимблдон во дубл

Тие во финалето ги победија Хао-Чин Чан од Тајван и Моника Никулеску од Романија со резултат 6:0, 6:0.

Русинките ги победија противничките со убедлив резултат од 6:0 и 6:0. Мечот траеше 55 минути и беше одржан под затворен покрив со вештачка светлина поради долгото траење на финалниот меч во машкиот дубл.

Ова е прва победа на руски тенисерки на Вимблдон. За Весенина ова беше трето финале во дубл конкуренција на овој турнир, а за Макарова второ. Тие двете заедно го освоија и Ролан Гарос во 2013 година, Ју-Ес Оупен во 2014 и златниот медал на Олимписките игри во 2016 година во Рио де Женеиро.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња