Почина актерот Владимир Толокоников

Театарскиот и филмски актер Владимир Толокоников почина на 74-годишна возраст.

Театарскиот и филмски актер Владимир Толокоников почина на 74-годишна возраст, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на претставник од театарот „М.Ј. Лермонтов“ во Алма-Ата, каде работеше глумецот.

„Владимир Алексеевич почина ноќеска во Москва. Ми напиша неговиот син денес во четири часот по полноќ (01.00 по московско време)“, изјави соговорничката за агенцијата.

Според претставникот на театарот, Толокоников се вратил во Москва по снимањето во Геленџик.

Ќе остане запаметен по бравурозната улога на Шариков во филмската адаптација на „Кучешко срце“ од Михаил Булгаков, а во режија на Владимир Бортко, за која ја доби и државната награда на РСФСР „Браќа Василеви“.

Толокоников ќе биде погребан на Троекуровските гробишта во Москва. Во понеделник во Алма-Ата ќе се одржи комеморација во театарот „М.Ј. Лермонтов“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња