Кадиров: Нашите ракети ќе бидат автоматски применети

Првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров ја искоментира својата изјава за автоматското лансирање ракети во случај на нуклеарен напад на Русија, потврдувајќи дека тоа „не се само зборови’.

Првиот човек на Чеченската Република Рамзан Кадиров кој претходно изјави дека во случај на напад на Русија нуклеарните ракети ќе бидат автоматски лансирани, дополнително објасни дека тоа не се само празни зборови.

Тоа не се само зборови, навистина ќе го направиме тоа. Подготвени сме да го дадеме животот за нашата земја, напиша Кадиров на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Првиот човек на Чеченската Република зборуваше за ракетите во интервју за телевизиската станица HBO, кога беше прашан дали ја смета Америка за непријател на Русија.

Тој одговори дека Америка не е толку силна држава за тој да ја доживува на таков начин.

Ние имаме силна власт, ние сме нуклеарна сила. Дури и нашата држава да биде целосно уништена, нашите нуклеарни ракети автоматски би полетале и целиот свет би го свртеле наопаку, изјави Кадиров.

Интервјуто ќе биде емитувано во вторник. На Интернет засега има само инсерти, пишува агенцијата Рамблер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња