Сириската опозиција се откажува од симнување на Ал Асад?

Постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева Алексеј Бородавкин даде оценка на преговорите за Сирија.

Според дипломатот, „Женева-7“ иако заврши без пробиви, била конструктивна и дала позитивни резултати, пренесува РИА Новости. Позицијата на Високиот комитет за преговори на сириската опозиција ќе биде коригирана, а веќе не станува збор за соборување на претседателот Башар ал Асад, ами за постигнување договор во политичката сфера. Бородавкин појасни дека Русија смета на консолидација на позицијата на трите делегации на сириската опозиција до септември 2017 година, што ќе значи отворање пат кон директни преговори.

„Смислата на коригирањето е во тоа што опозиционерите за време на оваа рунда ниту еднаш не ја споменаа неопходноста од оставка на претседателот на Сирија Башар ал Асад и легитимноста на владата на САР. На крајот, според сè, и радикалните опозиционери, и нивните спонзори сфатија дека за почеток треба во Сирија да се постигне мир, а потоа да се договараат политички реформи во услови на нормализација на опстановката во земјата“, забележа Бородавкин.

Седмата рунда меѓусириски преговори во Женева се одржа по меѓународната средба за Сирија во Астана и преговорите на претседателите на Русија и на САД во Хамбург.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња