Путин ја запре колоната за да се фотографира

Владимир Путин ја запре претседателската колона автомобили за да се фотографира со едно момче.

Ова се случува во Белгород во делот од градот наречен Улитка, пренесуваат руските медиуми.

Првиот човек на Русија се фотографираше со едно момче кое му дотрча. Жителите на белгородската населба Улитка му посакаа на претседателот на Русија да не заборави на одморот, на што Путин им одговори дека се чувствува речиси како на одмор.

Владимир Путин на 14 јули престојуваше во работана посета на Белгородската област каде разговараше со губернаторот Евгениј Савченко, пренесува агенцијата Рамблер. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.