Нови природни аномалии

Александар Бедрицки, советник на претседателот задолжен за прашањата поврзани со промената на климата, смета дека временските аномалии ќе бидат почести во иднина.

Временските аномалии кои се случуваат ова лето во иднина ќе се повторуваат сè почесто, смета советникот на претседателот задолжен за прашањата поврзани со промената на климата Александар Бедрицки, пренесува РИА Новости.

„Забележуваме аномални појави кога времето е променливо. „2017 година е пример за ваквите ситуации кои во иднина ќе бидат сè почести“, рече тој во своето излагање на форумот на Министерството за вонредни состојби на Русија и на организацијата „Општество за безбедност“ во Витегра.

Бедрицки појасни дека поради затоплувањето на Арктикот температурната разлика помеѓу половите и екваторот се намалува. „Ова доведува до зголемување на регионалните атмосферски процеси. Областа на температурни аномалии на површината на океанот исто така има свој удел во атмосферата која ги блокира процесите, меѓу другото и во Атлантскиот и во Европскиот сектор“, изјави тој, додавајќи дека тоа доведува до нагла промена на времето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња